Министерствата надлежни, Владата треба да не очекуваат дека за кратко ќе дојдеме кај нив и овој Манифест всушност е основа за во иднина да ги креираме сите наши барања, да градиме политики, да бараме промена на закони, а на крајот на денот и да излеземе на протести ако некое од овие барања не се спроведе наредниот период, истакна претседателот на ССНМ, Павле Белоски, на денешната прес конференција во Прилеп.
„Медениот месец на Владата заврши, се востановија министерствата, така што нема повеќе бегање од соочување со нашата професија. Задолжени за се, надлежни за ништо, нема да чекаме нов изборен циклус да не платат со платена политичка програма, затоа што нас ни треба достоинство, а не милостина преку изборниот законик со тие пари од реклами. Така да работите треба да се средуваат, ако имавме времиња кога ИТ инженерите можеа да бидат ослободени од придонеси, мислам дека е достоинствено барањето и ние тоа да го предложиме и да го добиеме во најкус можен рок, затоа и споменавме на претходната средба со заменик министерот за труд.
Така што јас одговорно тврдам во име на ССНМ, ви благодарам за изработката на овој Манифест, сега ние ја преземаме одговорноста да се шетаме со него до крајно остварување на сите барања, кај оние кои се задолжени и кои ги бираме за да ја завршат работата“, кажа Беловски.