Повеќе физички напади низ Прилеп во текот на вчерашниот ден

Во текот на вчерашниот ден во Прилеп, во различни случаеви се случиле 3 физички напади над граѓани.

Имено, во 14.30 часот во ОВР Прилеп, Р.М.(30) од Прилеп пријавила дека на ул.„Ердован Шабаноски”во Прилеп била физички нападната од  нејзината сосетка Е.Е..

Во 16.00 часот пак, 49 – годишна прилепчанка пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.Т..

На 22.12.2024 во 23.15 часот во ОВР Прилеп, 36-годишна прилепчанка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг Ц.М. од Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на настаните.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи