Забрана за движење на товарни возила на повеќе патни правци во државава поради интензивни врнежи од снег

Поради врнежи од снег на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, се воведува забрана за сообраќај за тешки возила.

Од АМСМ информираат дека од 11.55 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец Дебар – Маврово.

Од 12.15 часот поради врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема. Се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража

Забрането е движење на товарни моторни возила и на патните правци Охрид-Кичево (Пресека) и Кичево-Гостивар, информираа од АМСМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи