ВИДЕО – Организиран дочек на Новата година во центарот на Крушево, развојот на туризмот и инфраструктурата, како и проблемот со водата во фокусот Општината



Снег има над 40-тина сантиметри, потребна е само уште забава и одлична атмосфера за да се комплетира зимската бајка во Крушево. После подолг период годинава на 31 декевмри ќе има повторно дочек на Новата година во центарот на Крушево со Миле Кузманоски и групата „Црешово топче“. Во петок пак се отвора официјалната зимска сезона во Крушево со забава, детска програма, Дедо Мраз како и грено вино и ракија и други топло напитоци во центарот на градот.

Со градоначалчикот Томе Христоски поразговаравме за тоа кои се идните планови на Општината за развој на туризмот. Изградбата на патната инфраструктура останува во прв план, изградба на обиколница кај ски терените, изградба на улици и патишта по населените места. Тука секако е и решавањето на најгорливиот проблем со водата. Во 21 век Крушево мака мачи да обезеди основни услови за живот на граѓаните.

Економијата е главниот двигател во развојот и растот на една Општина, кои инвестиции во туризмот и другите економски гранки се планираат во периодот кој доаѓа. Поразговаравме и за Законот за прогласување на Крушево како споменична целина кој од една страна е заштита за автентичноста на архитектурата, а од друга страна кочница на целиот економски развој. И најважно се ќе џабе ако младите не се задржат дома, како да се надмине овој проблем.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи