Јовчески: Буџетот на Општина Прилеп за 2025 изнесува околу 35 милиони евра – следува година на развој на Прилеп

На денешната редовна 54 седница, Советот на општина Прилеп го донесе буџетот на општина Прилеп за 2025 година!

„Со особена одговорност, посветеност и транспарентност, го подготвивме овој буџет, земајќи ги предвид предлозите, потребите и приоритетите на граѓаните. И сега наша задача е да обезбедиме максимално позитивни резултати за да можеме да направиме значителен чекор, напредок во изградбата на модерна, транспарентна и успешна општина“, рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Според Јовчески следува година за развој на општина Прилеп.

„Со буџетот за 2025 година кој што е проектиран на околу 35 милиони евра, се определуваат средства за:

-Изградба и реконструкција на улици и локални патишта;

-Изградба на два нови кружни текови;

– Изградба на кружен тек Табана;

– Изградба на дел од улица Победа;

– Реконструкција на водоводна мрежа во градска четврт Карабдалица;

– Рехабилитација на улици и патишта во градот и населените места;

– Изградба и реконструкција на тротоари и пешачки патеки;

– Изградба на фабрика за рециклирање на отпад;

– Изградба на нови паркови и зелени површини;

– Изградба на системи за водоснабдување, фекална и атмосферска канализација;

– Изградба на уште една нова модуларна катна гаража;

– Изградба на нови детски катчиња и игралишта;

– Изградба на нови спортски терени на паркот на Могилата;

– Субвенции за граѓаните за набавка на инвертер клима уреди;

– Стипендии за талентираните ученици;

– Стипендии за учениците-спортисти;

– Бесплатен оброк за ученици од прво до петто одделение;

– Субвенционирање јавен градски превоз за пензионерите кои примаат минимална пензија;

– Стипендирање на студенти од општина Прилеп;

– Финансиска поддшка за основните и средните училишта;

– Финансиска поддршка за спортските клубови, здруженија и индивидуални спортисти;

– Финансиска поддршка за секое новороденче;

– Реализација на голем број културни настани;

И многу други проекти кои во следниот период ќе бидат презентирани пред граѓаните.

Им благодарам на граѓаните на општина Прилеп кои зедоа активно учество во креирањето на буџетот за 2025 година.

Благодарам на Претседателката и членовите на Советот кои дадоа поддршка за неговото донесување и со тоа заедно придонесуваме за развојот на општината.

Ни следи година во која ќе бидат реализирани голем број на проекти со кои ќе ја направиме општина Прилеп да биде подобро место за живеење за сите нас“, истакна Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи