Прилеп го реши деценискиот проблем со отворениот атмосферски канал на излезот од градот од потегот на ул. „Александар Македонски“ па се до Градската река. Комплетно се исчисти целиот простор, а во должина од 117 метри се поставија цевки со дијаметар од 1.000 сантиметри. Инвестицијата е на Министерството за животна средина од над 4.5 милиони денари, со кофинансирање на Општината. Од Министерството најавија и други значајни проекти во Прилеп.
„Општината има аплицирано со уште еден проект, а тоа се Лековските извори, проект кој што исто така е изработен од страна на ЈКП „Водовод и Канализација“. Станува збор за проект 1 милион евра. Станува збор за целосна реконструкција на изворите кои што веќе се користат. Од 1946 година до денес тој цевковод не е реконструиран и ова ќе биде негова прва реконструција која се надеваме дека ќе се случи во 2025 година. исто така добив информација дека веќе е завршен тендерот за долгоочекуваниот проект изградба на фабриката за отпад, кој исто така е финансиран од Министертсвото за животна средина, станува збор за проект вреден 90 милиони денари и ако дозволат временските услови се надевам дека во наредниов период и таму ќе имаме поставување на камен темелник“, изјави Ана Лашкоска, заменик министер за животна средина.
Во иднина тука се планира изградба на улица и урбанизирање на просторот.
„Воедно и сите приклучоци на комуналаната односно канализациска и атмосферска инфраструктура се реалзирани. Воедно во скоро време ќе продолжи проектот со сообраќајно вклучување на овој дел со ул. „Блаже Темелкоски“ и со тоа ќе има и инфрструктура на паркови зеленило и се она што го заслужува овој дел на градот“, вели Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
Министертсвото за животна средина ќе помогне во иднина и околу изградба на канализациони системи во руралните населени места.
„Оваа година го преземаме населеното место Мало Коњари каде само 50% е извршена реализацијата на канализацијата, Канатларци веќе се одржува функционира и Големо Коњари каде проектот е целосно направен и оваа година ќе се заврши таму канализацијата. Оваа година Водовод ги спрема проекетите за канализација за населените места Селце и Лагово“, кажа Игор Гулабоски, диретор на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп.
Водовод за годинава има подготвено и проекти за целосно нов водовод за село Селце каде вода ќе се донеси и до самиот манастир и за прв пат ќе има водовод за селото Лениште и околните викенд куќи.