Забрана за товарни возила на Плетвар, Пресека, Ѓавато, Стража

ЈП „Македонија пат“ соопшти за воведени забрани за тешки товарни возила поради снег на следните патни правци: Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, патниот правец Тетово – Попова Шапка, како и на патот Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Пресека и Плетвар. Од 10.40 часот  е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос, информира ЈП „Македонија пат“.

Исто така, од 7.25 часот е воведена забрана за сообраќај  на камиони и на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево, а  забрана за сообраќај за тешки товарни возила над 7.5 тона е воведена и на ГП Делчево кон Бугарија.

Од Автомотосојузот на Македонија утрово информираа дека од превентивни причини збрана за сообраќај за тешки товарни возила се воведува и на планинскиот премин Пресека, а поради заледеност на коловозот на автопатот „Пријателство“ кај село Миравци, тешките товарни возила од 8.50 часот се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи