ВИДЕО – Трајановски: За само 2 месеци успеавме да ја откочиме реализацијата на Градско-Дреново, Дреново-Фариш е пат со многу црни точки, пуштањето се одложи за неколку месеци


Делницата Градско-Дреново е во должина од 15,5 километри плус 1 километар од делницата Фариш-Дреново, или вкупно 16,5 километри од експресниот пат. Вредноста на проектот е 37.300.000 евра од кои 26.700.000 евра се обезбедени преку ИПА фондовите и 10.600.000 евра се обезбедени од Буџетот. Делот што денеска се пушти во употреба содржи 3 клучки Градско, Росоман, Дреново, 4 вијадукти, 1 мост, 4 натпатници и 3 потпатници. Според директорот на ЈПДП, Коце Трајановски,

„За само 2 месеци, благодарение на Владата, успеавме да го решиме проблемот и да ја откочиме реализацијата на овој значаен пат. Имавме проблем со една огромна косина и со неасфалтиран дел, но успеавме да го решиме проблемот и еве сега свечено го пуштаме во употреба експресниот пат. Направени се косините, вертикалната и хоризонталната сигнализација. Овој пат е долг 15,5 километри, дополнително имаме уште 1 километар. Се поврзуваат Прилеп, Битола, Ресен, Охрид. Овој пат ќе обезбеди побрзо и побезбедно движење. Сигурно ќе прашате кога ќе бидат пуштени и останатите 9 километри, но јас ќе кажам дека поради безбедносни причини, односно поради тоа што се работи за пат со многу црни точки, неговото пуштање во употреба ќе биде одложено за неколку месеци. Нека ни е со среќа!“, изјави Коце Трајановски, директор на ЈПДП.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи