На Големиот Богојавленски Водосвет кој што денеска се случи во Аквапаркот „Салида“ во Прилеп, Светиот крст го фати 25 годишниот Бобан Тошески, кој 6 пати досега се фрлал по Светиот крст, а го фаќа прв пат.
„Скокам 6 пат, имам 25 години, јас сум од Прилеп, за прв пат скокав по Светиот крст во Охрид и сега после 6 години ми се исполни желбата прв стигнав до Светиот крст, нека е за многу години празникот Бог се јави. Очекувам оваа година повеќе здравје и среќа на мојата фамилија, роднините, пријателоте, на сите“, рече Бобан Тошески.
„Посебна чест и задоволство ни е на овој ден на Водици да му честитаме на Бобан Тошески и да му посакам среќа и здравје во семејството и благодет. Воедно на овој ден Богојавление кога во реката Јордан, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос со тоа ги осветил сите води кои живот значат. Така и во овој град учествуваа на овој настан 130 учесници, а Водици се одбележа уште во околу 20-тина места во нашата Општина“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.