ВИДЕО – Ученикот кој падна од 3 кат на ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп е надвор од животна опасност и е во стабилна состојба


11 годишен ученик од 6-то одделение кој учел во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп, вчера околу 14.35 часот паднал од прозорецот од третиот кат на училиштето. Како дошло до несреќата засега не се знае, но според првичните информации со кои се располага, се исклучува можноста да станува збор за некако предизвик на „Тик Ток“ како што се проширија дел од инфомарциите. Инаку станувало збор за беспрекорно примерен ученик. Се очекува наскоро да има и официјално соопштение од училиштето.

На терен веднаш излегла екипа на Итната помош, која прво го транспортитала детето во Општата болница во Прилеп, а потоа поради сериозноста на повредите било пренесено на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Екипата на Итна помош интервенираше веднаш, детето беше итно пренесено во одделението за анестезиологија при општа болница Прилеп. Детето беше најдено во полусвесна состојба, легнато беше во дворот. При направените соодветни испитувања се укажа дека детето има фрактура на коска на стапалото и сомнеж за фрактура на неколку прешлени на градите“, рече Боше Милошески, началник на Итна помош Причеп.

Според директорот на Клиниката за детска хирургија Лазе Јовчевски, детето било примено во болницата во текот на вчерашното дежурство, а денес тоа се наоѓало на интензивна нега, во стабилна состојба и надвор од животна опасност.

Увид веднаш извршиле и екипите на ПС Прилеп.

„Во Одделението за внатрешни работи Прилеп, од страна на лекар од Општа болница Прилеп било пријавено дека кај нив со тешки повреди е донесено 11 годишно дете од Прилеп, според пријавеното 11 годишниот малолетникк се здобил со повредите при пад од третиот кат на училиштето каде што учел. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, додаде Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Според јавното обвинителство во Прилеп во моментов се работи на случајот и според првичните сознанија станува збор за несреќен случај, но сепак истрагата треба да покаже како дошло до падот на детето од прозорецот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи