Јовчески: Ситуацијата со депонијата е под контрола, се вложуваат максимални напори за целосно гаснење на пожарот


Изминатите денови сите сме сведоци на пожарот на депонијата кај Алинци, но можам да ве уверам дека ситуацијата е под контрола. Лично бев на терен со надлежните служби, каде што со максимални напори и непрекината работа, правиме сè што е потребно за целосно гаснење на пожарот и спречување на натамошни последици, истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

„Ангажирани се целата расположлива механизација и човечки ресурси, а огромна благодарност упатувам до компанијата Бехтел и Енка, Дирекцијата за заштита и спасување. Територијалната противпожарна единица Прилеп, a посебно до нашите јавни претпријатија ЈКП Комуналец и ЈКП Водовод и Канализација, кои неуморно работат за стабилизирање на ситуацијата.

Благодарение на оваа заедничка акција, досега успеавме значително да го намалиме жариштето, а активностите продолжуваат сè додека целосно не го решиме проблемот. Ова е момент кога сите треба да покажеме одговорност. Апелирам до сите граѓани да не дозволуваме вакви инциденти, кои ја загрозуваат нашата животна средина и здравјето на секој од нас. Заедно можеме да обезбедиме почиста и побезбедна иднина за Прилеп!

Голема благодарност до сите што се вклучени во оваа акција! Ние продолжуваме со работа сè додека целосно не ја решиме оваа ситуација“, истакна Јовчески.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи