ВИДЕО – После 70 години за прв пат се реконструира водоводната мрежа во строгиот центар на Прилеп


После повеќе од 70 години за прв пат се менува водоводната мрежа во строгото градско подрачје на Прилеп, познато како Карабдалица. Ова е првиот од трите проекти за 2024 година кои ќе се реализираат во Прилеп со помош на Владата, преку унгарскиот кредит. Планирано е да се реконструираат вкупно 1.240 метри водоводна линија, при што старите азбестцементни цевки ќе бидат заменети со нови, а ќе се постават 124 приклучоци, 7 нови хидранти за зголемена безбедност и ќе се изведат 18 јазли. А до крајот на месецов требало да започнат со реализација и другите 2 проекти, изградба на улица „Победа“ и мост со кружен тек кај месноста Табана.

Сумата е приближно 3.2 милиони евра, со тоа ја исполнивме рамката во која може да побараме реализација и исплата на такви проекти. Оваа година навистина имаме повеќе од 14, што реално ја надминува и границата која би била по наше очекување меѓу 8.5 и 9 милиони евра, но го чекаме повикот и условите за аплицирање, ние сме потполно спремни“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Дел од овие проекти кои Општината ќе ги аплицира за 2025 година се исто така промена на старата водоводна и канализациона мрежа.

На 1.240 метри во овој реон, веднаш загубите само за овој реон очекуваме да се намалат за 20% со промена на овие цевки. На ниво на град некаде половина е за реконструкција, вакви стари цевки, зборуваме преку 20 години, да земиме некоја таква граница, постари од 20 години се вќе 50% што треба да се реконструираат. Приближно 100 километри ако одиме со бројки“, кажа Игор Гулабоски, директор на ЈКП „Водовод и Канализација“.

Според очекувањата проектот за реконструкција на водоводната мрежа во центарот на Прилеп требало да заврши за 2 месеци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи