Монтажната катна гаража која се гради во центарот на Прилеп требаше да биди готова уште во декември минатата година, но до денес таа не е пуштена во употреба. Според градоначалникот Јовчески за секое надминување на рокот изведувачот ќе сноси пенали.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/04-300x300.png)
„Преземени се сите законски мерки према изведувачот, тоа значи дека за секое надминување на рокот е пристапено со оние дозволени мерки, плаќање пенали, пресметување на секој ден на казнени мерки. Но за 15 дена, некни имавме состанок каде бевме запознати и изведувачот ветува дека за 2-3 недели ќе го изведи. Исто и со спортската сала во училиштето „Блаже Конески“ која за месец дена комплетно ќе биде оспособена и пуштена во употреба“, рече Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.