Поетскиот перформанс „љубење со стихови“ по петти пат во Прилеп на поетите Филип Димкоски и Лина Димоска

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.

На 14 февруари, од 19.30 часот во кафе-галерија Лувр, ќе се одржи петтиот по ред поетски перформанс „Љубење со стихови“ на поетите Филип Димкоски и Лина Димоска. Станува збор за настан кој вклучува поезија од Димкоски и Димоска, но и од македонски поети од разни генерации и во секое издание поетите рецитираат различна поезија, според мотивскиот и според авторскиот сензибилитет.

Овојпат, освен стиховите на Лина и Филип ќе прозвучат и стиховите и на светските поети на љубовта како Калил Џибран и Жак Превер, љубона поезија  на Блаже Конески, на Билјана Велковска, како и  поезијата на прилепските автори Сузана Ѓорѓиевска, Звонко Димоски, Далибор Ивановиќ, Андриана Ристеска и Цане Гарески.

„Покрај тоа, ќе ви прочитаме дел од љубовните писма на големите уметници за нивните музи, ќе ве запознаеме со ликот и делата на нашите омилени поети.  Во име на виното и љубовта, се гледаме на 14.2.2025, во Лувр“, велат организаторите.

Настанот е од отворен тип и влезот е слободен.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци