Во изминатите четиринаесет години, пратениците од ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ си ги наполнија џебовите со вртоглави шест и пол милиони евра народни пари преку злоупотреба на патните трошоци! Затоа Левица поднесе Предлог – закон за ограничување на патните трошоци кој задутре, на 12 февруари, ќе биде ставен на Дневен ред на собраниската седница, велат од политичката партија Левица.
![](https://infokompas.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/04-300x300.png)
„Ги повикуваме сите пратеници кои тврдат дека работат во интерес на граѓаните, да застанат зад оваа мерка, да го поддржат Предлог – законот за ограничување на патните трошоци и да стават крај на грабежот! Законот предложен од Левица е со методологија за пресметка на надоместокот за патни трошоци – ограничен на реалната потрошувачка од 6,5 литри гориво на 100 километри.
Реалноста е дека во изминатите четиринаесет години со тие шест и пол милиони евра народни пари, можеше да се изгради целосно нова болница, да се обноват сите студентски домови во земјава или да се изградат 10 нови градинки.
Левица е единствената партија која никогаш нема земено ниту денар по овој основ и веќе два мандати се бори да ја запре оваа пракса. Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, политичките елити бесрамно го исцрпуваат буџетот преку криминални патни налози и фиктивни километражи.
За потсетување, во минатиот мандат пратениците од Левица се обидоа да ја запрат оваа клептоманска практика на политичките елити со предлог-закон за ограничување на патните трошоци на ниво на автобуски билет, но тој предлог беше одбиен од мнозинството“, стои во соопштението.