Од полноќ поскапуваат дел од горивата

Facebook
Twitter
Email
Print

Регулаторната комисија ги зголеми цените на бензинот од 95 октани за половина денар, нафтата за горење за еден денар и мазутот за 0,52 денари. Цените на останатите горива остануваат исти.

Новата малопродажна цена на бензинот „еуросупер – 95“ ќе изнесува 79,5, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 73 денари за литар. „Еуросупер – 98“  и понатаму ќе се продава за 81,5, а дизелот  за 73 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,542 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 48,011 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира