Апасиев: Следната недела Левица поднесува закон за патни трошоци за работниците

Facebook
Twitter
Email
Print

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Откако во средата партиите од власта одбија да го поддржат предлог-законот на Левица, со којшто се предвидува ограничување на патните трошоци за пратениците, од партијата најавија измени во Законот за работни односи и враќање на патните трошоци кои работодавачите ќе бидат обврзани да им ги исплатат на работниците.

Во статус на социјалните мрежи, Претседателот на Левица – Димитар Апасиев потсети дека ова работничко право, беше укинато токму кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, на предлог на тогашниот министер за финансии Трајко Славевски, којшто е денес актуелен Претседател на Советот на град Скопје.

​​„Ок. Чим не сакате да си ги намалите патните трошоци како пратеници, веќе следната недела Левица во собраниска процедура ќе поднесе нов предлог-закон за враќање на патните трошоци на работниците (оние кои своевремено им ги укина вмровецот Трајко Славески, кога беше министер за финансии, како наводна ‘оставштина од комунизмот’)“, напиша Апасиев.

Левица е на став дека доколку можат да се обезбедат патни трошоци за функционерите и пратениците, тогаш можат да се обезбедат и патни трошоци за работниците.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми