Околу 1.200 мина медицински персонал со договор на дело кои беа отпуштени од болниците низ Македонија за неколку денови требало да се вратат на работа, а според министерот Таравари се очекува истите да добијат и решенија за трајно вработување. Временскиот рок за вработувањето бил продолжен поради новите систематизации кои се правеле за 600 приватни специјализации кои требало да ги има во 2025 година.

„Така да ја гарантирам не дека ќе им се продолжат договорите туку овие ќе земаат и решенија. Ние веќе тоа го најавивме, а на 30 декември го поминавме и во Влада и Здравство и Финансии. Директорите нормално сега ќе отвараат конкурси, договорците ќе ги примат, меѓутоа немора сто по сто од тие што биле на договор. Можеби и најверојатно и јас имам информации дека некои од тие договорци не се компетентни, не работат како што треба, така да директорот има ексклузивно право 10%, 20% или неколку од нив или сите да ги задржи“, истакна Арбен Таравари, министер за здравство.
Во прилепската болница со договор на дело има околу 120 медицински лица кои очекуваат да се вратат назад. Прилепската болница планира наскоро да испрати и 30 лекари на специјализација. Во моментов во болницата има вработено 15 општи лекари со договор на дело кои не можат да се пратат на специјализација пред да добијат решение за вработување.
„На сите одделенија треба да се вратат по 1–2 ца доктори на гинекологија моментално се враќа една докторка, сега пред една недела заврши со специјализацијата, на ортопедија треба да се вратат 2 доктори од специјализација и на хирургија 2 доктори од специјализација. Во најскоро време треба да имаме 9 приватни специјализанти, некои се во завршни години некои се во средина на специјализацијата“, изјави Кире Јоноски, директор на општа болница Прилеп.
Златко Јахов е првиот хирут кој од Германија се врати во Македонија и сега ќе работи во Прилеп. Вели дека парите се доволни што се земаат тука, а предности си им а и тоа што си дома.
„Па, задоволство е да се работи со свој народ, тоа е првото, стручноста која што се стекнала да се покаже, да се примени и да се сподели со колегите. Нормално сите други предности кои што ги нуди Татковината. Парите се доволни, значи тој стил на живот ја задоволува оваа плата. И во Германија само треба десеткратно да е повисока бидејќи е посложено, поскапо. Јас сум преблагодарен, значи од Германија можам да кажам најдоброто го зедов и сакам да го донесам да го прикажам тука. Никој не е подобар од нас, мислам немајте дилема, дури и обратно можам да кажам, значи од нас зависат и ние одиме таму и многу работиме и многу сметаат на нас, не е можно ние да не можиме дома да се организираме и да бидиме добри исто така“, кажа Златко Јахов, општ хирург.
Во прилепската болница денеска беше промовирана нова опрема вредна 20 милиони денари лапароскопски столб за уролошко одделение и артроскопски столб за ортопедско одделение, потребни за посложени операции.