Министерството за здравство набави два нови медицински апарати за болницата во Прилеп, лапароскопски столб за уролошко одделение и артроскопски столб за ортопедско одделение со 4К резолуција. Вредноста на двата апарати е околу 20.000.000 денари.

Станува збор за лапароскопски столб од фирмата Olympus. со кој ќе се работат два типа на операции : лапароскопски и ендоуролошки.Лапоароскопија е минимално инвазивна метода, каде што преку неколку отвори на преден стомачен ѕид, се внесуваат инструменти во абдоминалната празнина,.На овој начин би се оперирале тумори на бубрег, афункција на бубрег, цисти на бубрег, варикоцела и друго.
Артроскопски столб е од фирмата Smith & Nephew со LCD екран е направен по највисоките стандарди за артроскопски интервенции на колено, рамо и скочен зглоб. Со добивањето на овој современ апарат артроскопските интервенции ќе станат рутински операции во прилепската болница. Досега редовно се извршуваат артроскопски интервенции на колено 50-70 во една календарска година, а наскоро се планира артроскопски интервенции на скочен и рамен зглоб. Додека за третман на менискалните повреди во блиска иднина ќе се започне и со шиење на менискуси што е светски стандард за овие спортски повреди.
„Двата апарати се до 4К резолуција со што имаме многу подобра слика на ткивата на органите што ги работиме и тоа не дава право на грешка на докторот. Во интервенцијата ќе ни биде многу олеснета работата и се надевам дека пациентите нема да одат во други градови туку нив ќе ги третираме во нашата болница. За другите одделенија истотака во нареднава година според планот за јавни набавки имаме планирано опрема во повеќе одделенија, се очекува да имаме нов ренген дигитален, нов столб за анестезија, апарати за ЕЕГ, ЕМГ, ќе имаме новини на очното одделение, ќе имаме промена на светла во салите на хирургија, на гинекологија, истотака и за гинекологија најверојатно ќе треба да разговараме и со министерството и таму да се набави лапараскоп за гинеколошкото одделение“, рече Кире Јоноски, директор на општа болница Прилеп.
Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека прилепската болница отскокнува според бројот на операции од другите болници кои се ист капацитет. Така што овие 2 нови апарати ќе придонесат за подобрување на квалитетот на лекувањето тука.
„Бидејќи докторите бројките што ми ги кажуваат овде и директорот, навистина хирургијата па и урологијата и ортопедијата бидејќи сите се хируршки гранки навистина бројките се фасцинантни, колку успеваат неколку хирурзи кои што работат, на прсти се бројат тие кои што се активни, успеваат да направат толкав број на операции што е многу повисоко од колку ако се направи споредба со другите болници кои што се слични на прилепската болница“, додаде Арбен Таравари, министер за здравство.
Министер за здравство најави дека ќе се разгледува и можноста за купување на нови амбулантни возила кои би се распределиле по болниците ширум Македонија.