Доктор Златко Јаков е хирург кој 10 години работел во Прилеп, а потоа 11 години во Германија. Деновиве треба да започне да работи повторно во општата болница во Прилеп.

„10 години работев во Прилеп, а 11 години во Германија. Планот беше да се вратам, се створија услови, си дојдов, нормално. Jaс помагам на ова одделение, веќе 2,5 месеци, скоро трет месец на хирургија, со дежурства во мојето слободно време, а чекам официjално да бидам преземен и да почнам да работам со новата апаратура, се разбира, која што ми е позната, имам работено. Задоволство е да се работи со својот народ. Стручноста која што се стекнала да се покажи, да се примени и да се сподели со колегите, како и сите други предности кои што ги нуди Tатковината. Придобивките сите ги знаат кои биле во Германија на специјализација. Но, влечењето е големо кон сопствениот дом, кон татковината и придобивките кои што ги добил, секој сака да ги сподели. Јас сум преблагодарен од Германија, можам да кажам најдоброто го зедов и сакам да го донесам и да го прикажам тука. Тука се компензира со индивидуалност и со натчовечки напори и со вредности кои што сите ни ги препознаваат кога ќе појдиме надвор колку сме ние посветени, вредни, добри и тоа компенизира еден систем кој што нормално беше во проблеми, е во проблеми. А, организацијата е тоа што ги движи работите напред. Дека можеме да се организираме сум повеќе од убеден, бидејќи гледам луѓе кои што се и компетентни и желни да работат, останале тука, значи верувале во нешто. Мала организација, малку позитивно расположение и мислам дека се’ може да се постигне. Никој не е подобар од нас, немајте дилема!!! Дури и обратно можам да кажам, штом од нас зависат и ние одиме таму – многу работиме и многу сметаат на нас не е можно ние дома да не можеме да се организираме и да не бидеме добри исто така“, вели др Златко Јаков.