Се уште нема одговор на прашањето кому му избега насилникот кој пукаше во Центарот за социјални работи во Прилеп

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Се уште нема одговор на прашањето кому му избега насилникот кој пукаше во Центарот за социјални работи во Прилеп и за малку не уби социјална работничка вработена во истиот, односно кој го вршел транспортот на осомничениот од здравствената установа до Прилеп.

Полициски службеници направиле проверки во установата, а на разговор бил викнат и директорот на ЈЗУ Психијатриска болница „Демир Хисар“, Жан Лозановски. Се вршат проверки како А.Ј. успеал да избега при транспортот од психијатриската болница до Основен суд Прилеп, односно до пробациска канцеларија.

Лозановски одбива да коментира и не одговара на телефонските повици. Неговиот став е дека тој својот исказ го дал во полиција.

Но, ниту МВР не дава податоци чиј е пропустот при бегството на осомничениот, односно јавноста останува неинформирана каде и чии се пропустите на одговорните кои треба да обезбедат безбеден транспорт на пациентот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира