Започна исплатата на субвенции за тутун во висина од околу 40 милиони евра

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми



Денес сакам да споделам одлична вест за македонските земјоделци! Имено, министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Цветан Трипуновски ме извести дека од денес започнува исплатата на субвенции за тутун во вкупна висина од 2.404.561.224 денари, или речиси 40 милиони евра на 14.502 тутунари, истакна на својот ФБ профил, премиерот Христитијан Мицкоски.

„Значи тутунарите, заслужено, со својот труд од државата ќе добијат 40 милиони евра за последната реколта на тутун. Ќе потсетам дека кога ја преземавме одговорноста да управуваме со државата затекнавме заостанати и неисплатени субвенции, а за некои субвенции се чекаше со години. Часовите и деновите на посветена работа излегуваат на површина. Се бориме за секој еден човек, преку дела да почувствува дека Македонија е повторно негова. Нека е со среќа“, потенцира Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми