Oтворена изложбата “поВРЗИНО”од кумановскиот уметник Стефан Анчевски

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Во Ликовна Галерија во НУЦК “Марко Цепенков”- Прилеп синоќа беше отворена изложбата “поВРЗИНО”од кумановскиот уметник Стефан Анчевски, чии дела како што рече проф.д-р Катерина Деспот, имаат специфична уметничка визија, во кои се употребени различни уметнички средства.

Според проф.д-р Слободан Раичевиќ,  уметникот Анчевски “со својата поетика и слики открива дека му е близок графолошкиот пристап, кој се потпира на ликовните искуства на сликарството од 20 век. Неговиот визуелен јазик, како облик на комуникација е едноставен и единствен”.

Стефан Анчевски е визуелен и мултимедијален уметник, дипломиран на ФЛУ Скопје.

Има реализирано 11 самостојни изложби, учествувал во преку 150 групни во земјава и во странство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми