Регионалниот центар за Гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Н.Р.(26) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поднесување лажни докази“.
Пријавениот, со намера да ја избегне забраната за влез што ја имал и да оствари влез и престојува во државите од Европската Унија, поднел барање за предвремена патна исправа поради наводна оштетеност, во кое навел дека ја оштетил од небрежност.
