Производител на тулумби Шеки Арифи од Прилеп продолжува со своите хуманитарни акции за големите верски празници без разлика дали тие се муслимански или христијански. За празникот кој што доаѓа Курбан Бајрам тој повторно ги повикува сите оние граѓани од социјално загрозените категории кои не можат да си дозволат да набават благо за трпезата може да ја посетат слаткарницата „Авала“ која се наоѓа кај ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп и бесплатно да си подигнат тулумби од таму.
Тулумби може да подигне секој без разлика на национална или верска определба.


