На 02.06.2025 во 10.45 часот во ОВР Прилеп, Т.Н.(48) од Прилеп пријавил дека во с.Оревоец, прилепско, бил физички нападнат од едно лице.
Истиот ден, во 17.40 часот во ОВР Прилеп, З.М.(52) од Прилеп пријавил дека во објект на ул.„Андон Слабејко“ во Прилеп бил физички нападнат од Р.Д.
На 03.06.2025 во 04.00 часот во ОВР Прилеп, 42-годишна жена од Крушево пријавила дека во домот во Прилеп била физички нападната од нејзиниот партнер М.Ш.(51) од Прилеп.
Се преземаат мерки за расчистување на настаните.
