Доколку сакате да уживате во прекрасна и недопрена природа, во чист планински воздух во еден од најеколошките краеви во Македонија, а во исто време и да уживате во вкусот на традиционалните специјалитети, како и модерните јадења, тогаш вашата вистинска дестинација е ресторанот Горна Куќа, кој се наоѓа веднаш позади мене, лоциран над демирхисарското село Слепче, на само 100тина метри под манастирот Свети Јован Претеча. Вистински мал рај кој ќе ги задоволи и најпребирливите вкусови, но за тоа како изгледа ова место, што нуди и која е неговата приказна ќе поразговараме повеќе со неговиот сопственик Иван Кузмановски.

Здраво Иван, благодарам што нѐ пречека и што нѐ прими во националниот ресторан Горна Куќа. Морам да потенцирам дека е навистина едно прекрасно место, фасцинантно место, се наоѓаме во една густа шума која нуди од една страна ладовина, чист воздух, можеме буквално да ги слушнеме и птиците кои пеат тука во планината, а од друга страна ја имаме можноста да уживаме во националните специјалитети кои ги нуди овој ресторан, пакет од убавини, кој малку ресторани во Македонија ги нудат сите овие услови кои ги има тука.
Кузмановски: Благодарам и вас за поканата за учество во вашата емисија, чест ми е што сте и мои гости, да ја снимиме денес оваа емисија.
Ајде да започнеме од почеток, како се роди идејата за Горна Куќа, зошто баш тука на ова место во планината, како започна целата таа приказна?
Кузмановски: Па приказната за Горна Куќа ја има направено мојот имењак, чичко Иван Коруновски, кој ја започнал далечната 2005 година. Горна Куќа првично била една фурна и еден летниковец.
На ова место?
Кузмановски: Баш на ова место, каде чичко Иван како љубител на ловот се собирале првично ловџии, си седеле тука, печеле во фурната. Имало и мала градина во која засадувал пиперки, домати и во почетокот било само едно збиралиште, меѓутоа тука е блиску манастирот Свети Јован Претеча, има доста движење и верници кои одат во манастирот и почнале тука да си застануваат, да седат, да разговараат. Така му дошла идејата него зошто да не направи еден мал ресторан и тој летниковец се претворил во еден мал ресторан и почнал да функционира почетно како една мала гостилница. Меѓутоа со тек на време од ресторанот почнале да се градат и овие летниковци кои се гледаат зад мене, едно по едно и така се ширела Горна Куќа. Инаку најголемиот подем Горна Куќа го доживува во времето кога Игор Џамбазов беше и живееше во селото Слепче и беше наш чест гостин, секој ден. Неговите идеи, неговите познанства, Игор ја носеше целата естрада, дури и Раде Шербеџија има тука дојдено со Игор Џамбазов и така го достигнува подемот. Во 2014 година манастирот Свети Јован Претеча правеше 1.000 години од своето постоење и имаше направено многу голема манифестација, сето тоа во организација на Игор, затоа тој има свое место, своја посебна маса, ќе видите има напишано „Ако Игор е тука седни си, ако не е Игор тука пак седни си“.
Како и да е да дојдеш во Горна Куќа и да седнеш.
Кузмановски: Тогаш беше Игор и Игор си седеше на тоа место и можеш да си седниш. И да не е тука, пак седни си, тој секако ќе дојде.
Сега Игор е во Дојран, таму гради куќа, ве посетува, доаѓа?
Кузмановски: Не многу пати, нѐ има посетено неколку пати, но да, точно е дека е во Дојран, ни кажа дека е таму. Во 2022 година, ресторанот се реновира и стана поголем ресторан, кој може да опслужи покрај посетители, правиме и помали свадби, кршетвки, родендени и секакви фамилијарни забави и веселби.
Значи покрај секојдневните посети ги нудите и сите тие забави кои ги наброивте, прослави, манифестации кои со резервација може да се одбележат тука.
Кузмановски: Да, има капацитет.
Колкав е капацитетот?
Кузмановски: 150 до 180 гости внатрешниот дел, во зависност од што би се организирало и уште 100-тина гости во надворешниот дел.
Она што можев да го забележам интересно е дека тука има голем број сепариња, летниковци, интимни простори каде може да уживате со вашите пријатели, со друштвото, фамилијата и секое од нив има посебно име, пример ова е Сред Село.
Кузмановски: Да, баш ова е Сред Село, бидејќи е како сред село. Но секој од летниковците, кој како го градел си има свое име. Првиот е Зајо, според човекот што го градел, неговиот надимак. Тој е Ангел, исто што го градел, долниот е Јасички Дол, према името како што се вика долот што води надолу. Тука е Сред Село и таму долу ни е Платформата.
Колку има вакви летниковци?
Кузмановски: Па има 3 летниковци, плус Платформата и Сред Село каде моментално се наоѓаме.
Исто така после летниковците може да се забележи дека има игралиште за деца, што е навистина еден плус, една предност за еден ресторан, затоа што сите се раат, и возрасните кои сакаат да уживаат во природата и специјалитетите, но и на децата кога ќе им се здосади од седење на маса да си поиграат, па повторно да се вратат, имаат содржини кои можат да го исполнат нивното време.
Кузмановски: Да, тоа секако, сите идеме за она парче раат, ги носиме нашите деца, тие сакаат да си играат, ние сакаме да си поуживаме, па и да се напијаме по некоја чашка.
Од каде се доаѓаат тука луѓе во Горна Куќа?
Кузмановски: Имаме луѓе од секаде, пред 2 недели за мое изненадување имав гости од Словенија. Ги прашувам како дојдовте тука? Ми вика специјално дојдовме тука во Горна Куќа, и во Словенија се слушате и гледате. Јас бев стварно изненаден што специјално од Словенија дојдоа гости во Горна Куќа и се чувствува горд. Имаме гости од странство, претежно дијаспората кога си иди имаме доста гости странци, покрај нашите секако.
Кога еден гостин ќе дојде на едно вакво навистина прекрасно место, освен што ужива во природата, сака да вкуси и од националните традиционални специјалитети кои што ги имате тука. Пред мене е едно навистина богато мени, со голем број и традиционални специјалитети и модерни јадења, скара, така да се задоволуваат сите вкусови. Вие што би препорачале за почеток, за предјадење, што најмногу сакаат гостите да пробаат тука, кои се вашите специјалитети кои ги нудите?
Кузмановски: Секако гостите кога ќе дојдат сакаат да пробаат салата, тоа е секогаш првото нешто што гостинот го бара. Покрај сите традиционални салати кои ги имаме, имаме и специјалитет Горна Куќа салата.
По што се разликува таа?
Кузмановски: Таа е мешавина од овчо сирење, блага и лута пиперка, лукче, но така направено што моментално го има само во Горна Куќа, може да го вкусите само тука, затоа и така се вика.
Значи салата која што може да се проба само тука?
Кузмановски: Да, точно.
Со неа нормално оди и чашка ракија.
Кузмановски: Секако, баш е за чашка ракија. Потоа имаме од сите типови предјадења, како питулици со лук, со изварка, имаме мазник, зелник, во зависност од времето зелникот може да биде со праз, со штаве.
Тие специјалитети се по порачка, можеш да си порачаш што сакаш?
Кузмановски: Во секое време ги имаме, во секое време ги подготвуваме. Секако тука како главно јадење неизбежна е скарата, но имаме и Горна Куќа грне, кое сега ќе го пробате. Од традиционалните јадења го имаме и гравчето, како и најбитното, тука е нашата селска фурна во која може да вкусите ребро во фурна, печиме цели прасиња, јагниња, коленици.
Нормално на крај сето тоа се завршува со еден вкусен благ десерт.
Кузмановски: Да, кој исто така се подготвува тука.
Значи нема ништо купечко, се е тука подготвено во Горна Куќа.
Кузмановски: Сѐ.
Кажете ми, од гостите кои доаѓаат, најмногу што сакаат да пробаат домашните, а што странците повеќе ги интересира?
Кузмановски: И домашните и странците ја бараат оваа традиционална храна. Питулици се неизоставен дел од Горна Куќа, исто така фурната, значи секое јадење во фурна е најмногу барано, скарата е стандард за секој еден што сака да ја вкуси.
Значи се бараат јадења кои не можат да се пробаат во нивните средини и дома.
Кузмановски: Па видете, тие јадења кои се нудат ние малку сакаме да ги јадеме и на друго место, не само да ги зготвиме дома.
Како може да ве контактираат гостите, дали работите секој ден 7 дена неделно, дали треба претходно резервација или слободно може да дојдат.
Кузмановски: Па резервации секако, посебно за викенди и државни празници, резервацијата е пожелна. Работиме секој ден, имаме Фејсбук страна, Инстаграм страна, телефонски броеви.
Значи на социјалните мрежи вашите профили функционираат како Горна Куќа?
Кузмановски: Ресторан вила Горна Куќа, многу лесно може да не најдете, на интернет сега треба да пишете само Горна Куќа и секако ќе ве донеси тука.
Она што можам да го кажам за сите гледачи, кога ќе дојдете во Демир Хисар, во самиот град има знаци кои кажуваат каде се наоѓа селото Слепче, одите по тој пат и нема да згрешите, ве носи директно во националниот ресторан Горна Куќа. Може да прошетате и до манастирот Свети Јован Претеча, навистина еден прекрасен стар манастир, повеќе од еден милениум стар кој има една навистина богата и славна историја, која може ја почувствувате и видите на тоа прекрасно место. За крај гледам дека тука се подготвуваат и одредени простории или соби каде што во иднина ова би прераснало и во хотел.
Кузмановски: Да, секако, нашата цел е да растиме. Тие се веќе во накаква почетна фаза собите, но до крај на сезона треба да бидат спремни, претежно за странските туристи кои сакаат да престојуваат на вакви места, мирни места, да можеме да ги пречекаме повеќедневно.
Навистина прекрасно место каде може да уживате во повеќе нешта, нуди повеќе содржини, прекрасна природа, да шетате низ шумата, да уживате, да ги посетувате култнирно-историските споменици, може да го посетите и градот Демир Хисар и повторно да се вратите тука. Иван ти благодарам за издвоеното време и за оваа презентација на нациналниот ресторан, што нуди, како изгледа и како може да ве контактираат гостите. Еве за крај, еден апел, една порака за сите оние кои сакаат да уживаат во навистина неопислива природа, ова не го згорувам само така, затоа што навистина имаме една прекрасна шума околу нас, културно историски споменици и нормално овој национален ресторан кој ги нуди едни од највкусните јадења кај нас.