„Со душа за Крушево“ е насловен концертот кој оваа сабота ќе биде организиран во Крушево, во 20 часот во градскиот парк.
Истиот е во организација на Виктор Илиески, уметник, филхармоничар, во соработка со здружението на граѓани “КУЛТУРЕН МАНИФЕСТ Крушево” и Општина Крушево.
На концертот ќе настапи детскиот хор на Француското Интернационално Училиште ЕФИС под водство на Илиески, кој воедно и ќе ги придружува младите интерпретатори на пијано со изведба на прекрасни француски, англиски и македонски песни.
Децата од хорот доаѓаат од најразлични држави од Светот и пеат на 3 јазици, а преку песните испраќаат пораки за мир во светот, заедништво, меѓусебно разбирање љубов и почитување.
На концертот ќе се придружи и победничката за 2025 година на француски шансони во Македонија – Нина Лазаревска.