Денес, се навршуваат 104 години од убиството на Ѓорче Петров – идеологот, револуционерот, визионерот и еден од најзначајните синови на македонската историја.
По тој повод, пред неговиот споменик во центарот на Прилеп, свежо цвеќе положија претставници на Општина Прилеп и Советот на Општината, средното училиште што го носи неговото име, Сојузот на борците – Прилеп и претставници на политички партии.

Ѓорче Петров е симбол на нашиот непокор, на борбата за слобода, правдина и зачувување на македонскиот идентитет. Тој бил професор, публицист, историчар и пред сè – идеолог на Македонската револуционерна организација, кој со својата мисла и дело длабоко се вградил во темелите на македонската национална свест.
„Како наш сограѓанин, Прилеп секогаш со особена почит се сеќава на него. Денес, кога му се поклонуваме пред неговиот споменик, ја потврдуваме нашата заложба дека никогаш нема да заборавиме што значеше неговата борба и која беше неговата визија – слободна, обединета и самостојна Македонија“, велат од Општина Прилеп.
Ѓорче Петров останува вечен патоказ за сите генерации.