Мицкоски: Размислуваме за данок за немажени и неженети

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Секоја мерка, секоја инвестиција, секоја политика што ја носиме – е со цел да ја вратиме вербата. И тука сериозно размислуваме за дополнителни даноци за немажени и неженети, изјави премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на настанот „Демоградски трендови, предизвици и можни решенија“, зборувајќи за демографската рецесија во земјава за која рече дека е аларм.

„Овој проблем од претходните влади се ставаше под тепих и не се гледаше на него како на сериозна закана. Фактите се јасни: Во 2024 година, се родија 16.061 дете, а починаа 20.201 лице. Тоа е природен пад од 4.140 луѓе за само една година. Во последните 4 години, изгубивме повеќе од 33.000 жители- како да исчезна еден град од големина на Кавадарци или Кичево, Стапката на наталитет падна од 12,5‰ во 2010 година на само 8,8‰ во 2024, Во многу општини и села веќе нема ниту прво одделение. Сè повеќе луѓе живеат сами. Сè помалку се женат, сè помалку деца се раѓаат. Ова не се само бројки. Ова е тишина што се шири. А кога велиме дека ‘ги рушеа темелите’, не мислевме само на корупцијата, на стопираните проекти, на нефункционалните институции од минатата влада. Мислевме и на ова. На рушење на семејството. На губењето на иднината. На иселувањето како единствена опција“, рече Мицкоски.

Ова, според него, значи губење на иднината.

„Борбата на Владата ќе биде да направиме животот во земјата да биде вреден, мајчинството да биде благослов, а не товар, да им се даде на младите причина да останат, како и да се изградат институции што не ја трошат туѓата младост, туку ја негуваат. Да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот. Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, тоа ни е главниот императив, повеќе млади да стапуваат во брак и да се раѓаат повеќе деца, а оние кои што се отселени да се вратат. Затоа што само така ќе се живее со повеќе срце“, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека демографската рецесија не е проблем само во Македонија, туку тоа е предизвик на цела Европа, па и пошироко, но дека разликата е во тоа што некои држави ја забележуваат оваа појава како тренд, додека кај нас таа е аларм.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми