ВИДЕО- Формирана првата „Македонска интервентна пожарна“ – 50 специјално адаптирани возила, Пинцгауер, БТР 80 и Хермелин, ќе гасат пожари низ државата

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Денес на воениот полигон Пепелиште, во присуство на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, потпретседателот на Владата Љупчо Димовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и други, се одржа промоција на овие специјални возила со презентација на нивната противпожарна моќ.

Дирекцијата за заштита и спасување во својата структура доби 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително се очекуваат уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортни возила БТР 80 со резервоари од 6 тона и 5 оклопни транспортни возила Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 или 8 тона. Сите 43 специјални возила се опремени или се опремуваат со моќни водни пумпи со домет на водниот млаз од 25 до 100 метри.

Премиерот Христијан Мицкоски, на промоцијата на армискиот полигон „Криволак“, посочи дека станува збор за полициски и армиски возила кои повеќе од осум години беа запуштени и не биле запалени, а со кои сега државата многу поподговени ја пречекува сезоната на пожари.

„Благодарност до сите кои што учествуваа во оваа активност. На овој начин државата заштедува неколку десетици милиони евра, а да не зборувам колку капацитетите се зголемени“, изјави Мицкоски.

Тој информираше дека неделава треба да стигне и вториот авион од сервис, а третиот се очекува до крајот на август.

„По два полициски и армиски хеликоптери се исто така подготвени доколку има потреба. Навистина не можеме да правиме споредба со претходно. Можам да кажам дека многу, многу поподготвени сме од минатото доколку има вакви предизвици“, додаде Мицкоски.

Директорот на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Ангелов, по презентациијата на опремата и возилата, рече дека за разлика од минатите години сега имаме многу повеќе ресурси.

„За првпат имаме неспоредливо повеќе ресурси за справување со пожари. Овие возила со резервоар за вода од 1,5 тони може да стигна до места, на кои и најсовремени џипови не би можеле“, изјави Ангелов.

Градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, информираше дека целокупната инвестиција е од општествено одговорни компании и лица и дека државата за првпат добива  прва републичка пожарна.

„Пред три месеци земавме за обврска сите возила кои беа расходовани да ги ставиме во функција. Денеска 34 возила за гаснење на отворен пожар се презентирани. Имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени. Целокупната инвестиција е од општествено одговорни компании и лица“, изјави Јанчев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми