Драги Прилепчани и Прилепчанки, со задоволство ве покануваме на Третиот саем на винили, цд-иња, касети, накит и многу други работи поврзани со музика. За време на настанот ќе имате можност да запознаете и купите носач на звук/предмет од излагачи и колекционери од Македонија и Србија, информираат организаторите од Јавен простор Прилеп.
„Она по што се препознатливи настаните кај Саатот, нема да изостане и овој пат, односно, истовремено ве покануваме и на забава за која ќе се погрижат потврдените учесници: Dj Koko, Dj Simeon Lotti, Dj Geto Rud, како и Менде Кец со својот експериментален настап. Настанот ќе одржи во просторот околу градската Саат-кула од 11 до 17 часот. А вечерта, секако дека ќе бидете поканети на кино и музика (20:30). Организатори на настанот се Блаже Томески како главен иницијатор, Јавен Простор Прилеп и Винтер Априкотс. За да се реализира ова значајно интерактивно случување во нашиот град, изразуваме посебна благодарност до спонзорите и поддржувачите: ДиЏеј Пете (Дејан Ефтинџиоски), Декор завеси, Euroterm Solarico, Kostoski Inn апартмани, Гастро-бар Монарка, кафе Чоше и кафе Носталгија“, велат од Јавен простор.