ВИДЕО- Со најсовремени светски технологии ќе се истражува континуитетот на најпознатите македонски монашки центри

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Преку проектот „Византински монашки центри – традиција и континуитет“ кој го спроведува Институтот за старо-словенска култура од Прилеп во парнерство со Универзитетот Кал Поли, од Калифорнија, САД во следните 2 години ќе се извршат неинвазивни геолошки археолошки истражувања на нашите најзначајни манастири, како Плаошник, Курбиново, Зрзе, Трескавец, Свети Никола во Мариово и Чебренскиот манастир.

„Нашата научно истражувачка цел е да утврдиме постоење на континуитет кој почнува уште од антиката па се до 19 век на конкретно определени локации, како што се овие манастири. Кои во текот на милениумското постоење биле најзначајните културни, уметнички, образовни центри на тлото на Македонија“, изјави Александар Василески, главен истражувач во проектот „Византински монашки центри – традиција и континуитет“.

 

„Во овој проект фасцинантни се пред се мозаиците и тоа што овие манастири се изградени врз постари темели на македонската култура. Тоа го покажува континуитетот на македонската култура низ вековите. Од македонско-хеленистичката ера, па се до денешното современие. Дури и во римскиот период македонската култура опстојува“, истакна Ник Анџело, професор по археологија од Универзитетот Кал Поли, од Калифорнија, САД.

На проектот се работи со една од најсовремените опреми во светот за работа на ваков вид на неинвазивни истражувања. Како што е гео радарот, градиометарот, а со помош на лајдар ќе се прави и 3Д визуелизација на целите објекти.

„Ние правиме скенирање внатре во манастирите на целата уметност и сите дела, се прави еден 3Д модел преку кој ќе може да прави виртуелна прошетка низ манастирот кога ќе го имаме финалниот производ. Ласерот опфаќа милиони и милиони точки и добивате милиметарска прецизност со тој инструмент, симултано се прават и серија на фотографии на секои 2 или 1 секунда, се спојуваат истите и добивате документација за внатрешноста на манастирот, надворешноста на манастирот со милиметарска точност. Тоа е надобрата техника за мапирање која постои во моментов“, додаде Анџело.

Археолозоите се надевааа дека ќе го откријат целиот континуитет на развојот на Македонија од антиката до денес во овие манастирски центри.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми