Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа – Започнува 23. Меѓународна младинска конференција во Крушево

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми

Во периодот од 25-29 Септември 2025, традиционално во Крушево, Младински Сојуз по 23 пат ја организира Меѓународната младинска конференција насловена „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“. Овој настан веќе 23 години претставува платформа за вмрежување и поттикнување на дијалог помеѓу донесителите на одлуки, релевантните чинители и младите луѓе од регионот, овозможувајќи им динамична средина за креирање на иднината на регионот.

На конференцијата ќе присуствуваат повеќе од 100 активни млади лидери од 14 држави (Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Италија, Романија, Србија, Словенија, Германија и Франција), кои посветено работат на позитивни промени и интеграција на своите држави во Европската Унија.

Овој настан се одржува во клучен момент за младите во регионот, кога растот на евроскептицизмот и актуелните изборни процеси отвораат сериозни предизвици, но и можности за активно делување. Со заеднички напори, младите можат да придонесат во градењето на довербата и да го спречат понатамошното ширење.

Својата експертиза, знаење и искуство на овие теми, со младите ќе го споделат неколкумина реномирани експерти, професори, активисти и претприемачи, меѓу кои и Петра Дрекслер, германски амбасадор во Северна Македонија; Диана-Франческа Дубариу, меѓународен соработник на Фронтекс и поранешен парламентарен советник; Зоран Нечев, член за политика и застапување во Think Europe; Ана Зафирова, слободен новинар и специјалист за комуникации, како и многумина други.

Оваа реномирана меѓународна младинска конференција се одржува традиционално од 2003 година, а е место на кое млади амбициозни луѓе од различни земји се собираат со цел да ги споделат своите идеи и вредности, и конкретни акции насочени за имплементација на европските вредности во своите земји. Во изминатите 22 години на конференцијата учествувале над 1.600 млади од 25 земји, а одлуките и активностите преземени во рамки на овие иницијативи се проценети дека досега извршиле директен и индиректен импакт врз повеќе од два милиони млади луѓе.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми