Време е Прилеп да добие нов лик. Функционален, уреден и достоинствен град, во кој секој детал има своја смисла и вредност, истакна кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски.

„Ќе направиме сообраќајна студија, со која што конечно ќе го решиме сообраќајниот хаос и ќе воспоставиме јасен систем за движење, паркирање и безбедност. Плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ пред хотел „Скопје“ ќе добие нов изглед, уреден, зелен и пријатен простор за прошетка, дружење и културни настани. Во Старата чаршија, срцето на градот, ќе ја реконструираме инфраструктурата и ќе го зачуваме нејзиниот дух, затоа што токму таму се чувствува вистинскиот Прилеп. Ќе поставиме јавни тоалети на повеќе локации, затоа што уреден и културен град почнува од почит кон секој граѓанин. Секој чекор е дел од големата слика. Прилеп ќе биде град со ред, убавина и достапност за сите. Модерен, чист и зелен град, но со душата на старата чаршија што никогаш не згаснува“, рече Проданоски.