ВИДЕО – СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ да одговори зошто оние кои останаа без работа не биле вработени на неопределено време

ВМРО-ДПМНЕ повторно игра на популистичка карта обидувајќи се после изборното фијаско да гради рејтинг врз лаги и манипулации. И овој пат гази по човечките судбини. Марјан Ристески во изминатите години ангажирал и по 170 лица преку договори за услуги, договори по разни основи во обид да купува гласови и да ги држи граѓаните во неизвесност. Истакнаа денеска на прес конференција од СДСМ – Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Ги ангажирал и им ги прекинувал договорите на граѓаните кога сакал и како сакал. Им давал лажна надеж дека ќе ги вработи на неопределено работно време. Новата локална власт затекна околу 60-тина ангажирани лица со договори за услуги по разни основи на кои договорот кој што го склучиле со Марјан Ристески им заврши на 31 декември. Марјан Ристески треба да одговори зошто не им го трансформирал работниот однос и зошто не ги вработил во локалната самоуправа.

 

Уште еднаш потенцираме си играле со човечкии судбини, анагажирале лица со договори на дело по 10 години. Јасно било дека не сакале да ги вработат туку ова било форма на притисок за да останат во гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ.

 

По истекот на договорите, тие останувале без ангажман, затоа што на ВМРО-ДПМНЕ не им била целта да се однесуваат со почит кон граѓаните туку да ги има на листата на гласање.

 

Оваа манипулација, злоупотребата на граѓаните СДСМ нема да ја поддржува. Стручна и професионална општинска администрација без оглед на партиската провиненција на вработените кадри е основната заложба на новата власт на СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски.

 

Според тоа сите обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ се само пуст обид да им се чуе гласот во време кога партијата им е десеткувана, кога граѓаните немаат верба во нивните претставници во очекување на судска разрешница на криминалите што прертходната власт ги правеше со парите на граѓаните.

 

СДСМ отвори нова страница во демократијата со домаќинско, отчетно и одговорно работење.

 

Што се однесува до вработените во градинките договорите им завршиле на 31.12.2017 година. Сега има нареден конкурс во градинките и сите кои што сакаат можат да се пријават на него. Тие нема да бидат вработени на неопределено туку на договорно време“, истакна Миле Талевски, претседател на О.О. СДСМ Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи