ВИДЕО- Проданоски: Сите заедно да го ставиме Прилеп на брза лента и да го направиме најубав град за живеење во Македонија

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Сакам да го изразам моето огромно задоволство за поддршката која ни ја дадоа, повеќе од 50% од излезените гласачи заокружија за број 9, односно за кандидат за градоначалник за мене и мнозинство во Советот предводен од идната претседателка Билјана Кржеска. Ова е сериозна обврска која ја добивме од нашите жители, нашата заложба беше една и единствена, да работиме заедно со секој еден граѓанин, да го слушнеме секој еден глас и во иднина да го направиме Прилеп едно посреќно и поубаво место за живеење, истакна вечерва Дејан Проданоски, од ВМРО-ДПМНЕ, кој прогласи победа за градоначалник за Прилеп уште во првиот круг на изборите.

„Се надевам дека со ваша поддршка, како денеска на изборниот ден, дека и во иднина ќе работиме во следниот период, не само за 4 години, туку на еден подолг период да го ставиме Прилеп на брзата лента и да го направиме најубавиот град во Република Македонија. Ви благодарам уште еднаш, благодарам за гласовите и поддршката која ни ја дадовте преку цела кампања, но очекувам и сериозна поддршка од вас, од сите, од цело население во Прилеп дека ќе имаме огромна поддршка за нашата работа и заложба да го направиме Прилеп подобро место за живеење.

Од досега сработените резултати сметам дека имаме повеќе од 9.000 гласови предност пред вториот кандидат на листата од оние 9 кои беа претставени на овие избори, а согласно пребројувањата некаде околу 17 советнички столчиња би имале во следниот Совет на Општина Прилеп, што значи една убедлива победа. Волјата на граѓаните е единствена, го покажаа вистинскиот пат, одбраа луѓе кои се вистински избор и сметам дека нема да се усрамиме со ова што го добивме како поддршка, туку напротив ќе биде наша уште поголема обврска да сработиме што е можно повеќе за Прилеп“, истакна Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми