Претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде покровителка на 60-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Импресионирана од иновативноста и концептот на МТФ „Војдан Чернодрински“, претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова прифати да биде покровителка на јубилејното 60 издание, кое ќе се одржи во јуни следната година под мотото „Храбриот нов театар“.

Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со уметничка директорка на Македонскиот театарски фестивал Ана Стојаноска, каде Стојаноска детално ја запозна претседателката со програмата на јубилејно издание на фестивалот. Стојаноска и Сиљановска-Давкова размениле мислења за современата македонска драматургија, значењето на актерите во нејзиниот развој, како и за хроничните проблеми со кои се соочуваат театрите во земјава – од просторните и техничките, до финансиските предизвици.

И покрај тешкотиите, заеднички заклучиле дека театарот мора да остане жив и витален, со јасна мисија да ја поттикне љубовта кон уметноста кај младите и децата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми