Кон крајот на оваа година во Прилеп ќе се случува првиот Новогодишен базар во нов, свечен формат, манифестација која со право го носи името „Прилепска празнична приказна“.
Од 24 до 31 демекври Прилеп ќе живее во вистински празничен дух, со богата седумдневна програма, многу изненадувања, музички настапи, креативни активности и незаборавна забава за сите генерации.
„Посебна благодарност упатувам до компанијата „Витаминка“, покровител на Новогодишниот базар, која во годината која ја очекуваме одбележува 70 години постоење, а сега ќе внесе волшебство и празнична магија во нашиот базар.
Ве покануваме да го започнеме најубавиот период од годината и заедно да ја испишеме најубавата Прилепска празнична приказна!“, истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.