ВИДЕО- Трипуновски: Процената на тутунот течи во добра атмосфера, согласно очекувањата и квалитетот кој што го имаме

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Досега се откупени 1.700.000 кг. тутун со просечна цена од 419 денари. Од 320 пунктови отворени со 207, a од 10-те откупувачи тутун откупувале 9, додека уште едниот преостанат откупувач ќе започнел со откуп идната недела. Ова се податоците кои денеска ги соопшти министерот за земјоделство, при посетата на Прилеп, каде истакна дека според него сегашните цени биле задоволителни, односно 420 денари за килограм тутун прва класа.

Согласно информациите од Сојузот и од Инспекторатот досегашниот тек на откупот е во една добра, релаксирана атмосфера, односно процената на тутунот е согласно очекувањата и квалитетот кој што го имаме. Секогаш може подобро, секогаш може повеќе, но мислам дека овој старт кој го имам за почеток на откуп на реколта 2025 е задоволителен. Остануваме да биде во контакт со компаниите кои откупуваат за да го следиме целиот тек на откупот на тутун и да видиме како ќе се движат процесите. Но она што е важно е дека имаме зголемување на цената за килограм откупен тутун од минатата година, што значи имаме прогрес во овој дел“, изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделство.

Тутунарите пак велат дека црената треба да биде повисока.

Тутунот ни помина целиот прва класа, 420 денари. Исплатливо е ако го работиш, ако не работиш ништо не е исплатливо. Треба да биде покачена, барем 10 евра да биде“, вели Роза Колеска, тутунопроизводител.

Од земјоделскиот инспекторат велат дека засега немало пријави кај нив за некои неправилности.

Процесот е во нормален тек на откуп, сметаме дека и оваа година ќе се заврши успешно како и претходната. Досега немаме никакви поплаки, проценката е во ред и претежно се откупува прва класа, рече Васе Анакиев директор на Државниот инспекторат за земјоделство.

Од тутунски комбинат Прилеп велат дека досега откупиле над 600 тони или ¼ од планираните количини за откуп.

Досега откупениот род е купен генерално во прва класа, но одговорно стојам зад тоа дека се досега што е откупено е доста квалитетен и правилно исушен летен тутун. Се надеваме дека тутунарите ќе продолжат како досега со оваа добра практика на производство на добар и квалитетен тутун“, истакна Александар Алексовски директоктор на Тутунски комбинат Прилеп.

 

Ги охрабрувам сите да продолжат да ја одгледуваат оваа гранка, важна е за локалната економија, важна е за развојот на градот, важна е и за приходната страна на нашата држава затоа што голем дел од средствата кои доаѓаат од извозот на производи се токму од оваа култура“, вели Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Според сегашната ситуација откупувачите по се изгледа немаат желба за подигнување на откупната цена на тутунот според барањата на тутунарите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми