Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
По одржувањето на Општинското екипно првенство на основните училишта во Прилеп, се одигра и Екипното првенство за средните училишта во шах. Учествуваа четири СОУ со своите најквалитетни јуниори. Екипите беа составени од пет играчи од кои една мораше да биде девојка.
Почит за сите, но сепак еден мораше да победи, а тоа беа домаќините од гимназијата „Мирче Ацев“ кои извојуваа победи во сите мечеви. Второто место го освои СОУ „Ристе Ристески Ричко“, додека трето место освоија учениците од СОУ „Ѓорче Петров“. Првенството помина во одлична атмосфера и дружење на средношколците од Прилеп, со желби за почести настани.
Организатори беа Сојузот на училишен спорт и шаховскиот клуб „Прилеп“.