Во Прилеп денеска се отвори Агенција за нега и грижа на стари лица „Home Care“. Ова е прва агенција од овој тип во целиот регион. Идејата е старите лица да останат во своите домови, а грижата за нив да ја преземат стручни лица од повеќе области кои ќе даваар различен тип на услуги.
„Дел од услугите кои ги нудиме се домашна посета повеќе пати неделно, набавка на намирници повеќе пати неделно и по потреба, плаќање на сметки, месечна набавка на лекови по рецепт. Потоа имаме и негователки кои би се грижеле за потребата на клиентот до 8 часови дневно, имаме домашна посета од лаборанти при потреба за лабораториски анализи, домашна посета на лекар, физиотерапевт. Имаме и фризери, средување на двор, мислам дека ги имаме опфатено сите аспекти за тие да живеат лагодно“, вели Ана Марија Ивановиќ, управител на Агенцијата за нега и грижа на стари лица „Home Care“.
Може да се користи секоја услуга поединечно или да се користат и пакет производи. За секоја ваша потреба контактирајте ги „Home Care“ на телефонскиот број 078-430-140.
„Ова за мене не е само работа, туку исполнување на долго чекана желба. Верувам дека секој повозрасен човек заслужува грижа, внимание и чувство дека не е сам. Особено ми е мило што луѓето околу мене ја препознаа оваа идеја и ме поддржаа во нејзината реализација. Со љубов, трпение и почит им помагаме на старите лица да останат во својот дом, опкружени со сигурно и човечка топлина и ги повикуваме семејствата да ни ја доверат таа грижа“, додаде Ивановиќ.
Агенцијата се наоѓа веднаш позади кафулето Дипломатик, на улица „Борка Влачарот“ број 2.
