Наши гости во емисијата Инфо Регион беа Дејан Трајкоски и Илија Бендески, од Здружението на инжинери на Македонија со кои поразговаравме на тема енергетска состојба на Македонија.
- Дали македонските енергетски капацитети треба да ги гради државата или странски инвеститори?
- Што добиваме, а што губиме ако националното богатство му го поклониме на странците?
- Премиерот по ДАВОС ги враќа на Чебрен, Галиште и Бошков мост на маса, но останува нејасно дали за нив се бара странски инвеститор или ќе ги гради државата?
- Брза пруга или „Вардарска долина“, што ќе донеси поголем профит за Македонија, а што загуба?
- Дали со идејата за пруга Солун, Бугарија, Романија, Европската Унија ќе ја заобиколи трајно Македонија?
- На РЕК Битола му се бројат деновите, што треба итно да се преземе за да Македонија не потоне во мрак?
- Изградбата на реверзибилната хидроцентрала кај „Сува Гора“ над езерото Козјак „батерија“ за складирање на целата произведена електрична енергија во Македонија од обновливи извори на енегија!
Ова се само дел прашања за кои се потрудивме да добиеме одговори. Погледнете го тука целото интервју.