ВИДЕО- „Прилепско поле“: Нема опасност од поплави во пролетниот период во прилепско, каналите се исчистени

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Нема опасност од поплави во пролетниот период во прилепско. Ова го истакнуваат од ЈП Прилепско поле од каде велат дека од 167 км. каналска мрежа во овој регион биле исчистени 70-тина проценти од нив. Главните речни корита кои биле исчистени биле на реките Блато, Крушевска река, Црнокошка река, Волковска и Подмолска. Се очекува останатите 30-тина проценти да бидат исчистени во текот на месец февруари.

Големите реципиенти, големите реки ги исчистивме многу добро, иако беше годинава доста врнежлива, некаде досега имаме 300-400 литри дожд наврнато, тоа е скоро како за цела година. Ситуацијата е доста половна во нашиот дел“, изјави Зоран Тодороски, раководител на подружница ЈП „Прилепско поле“.

Сепак се апелира граѓаните да не го фрлаат ѓубрето во реките, а со тоа повторно да предизвикаат тесни грла и можност од поплави на пролет.

Во наредниот период имаме за чистење на 30% од каналите, посебно село Славеј ќе го чистиме. Ги чистиме исто Тиролските зафати, Плетварски, Заполшки и каде што се влеваат водите во Прилепското езеро. И таму ситуацијата е многу добра, моментално Прилепското езеро е веќе 60% наполнето, така да во добра кондиција сме за следнава година за наводнување“, додаде Тодороски.

За 2025 година била склучени договори за наводнување на 570 хектари, а вештачката акумулација имала капацитет да наводнува 2.700 хектари. Од „Прилепско поле“ ги повикуваат земјоделците да склучат договори, затоа што вода ќе имало за сите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми