ВИДЕО – Тутунарите за идната реколта бараат 510 денари за прва, 460 за втора и 400 денари за трета класа

ТЕМЗА - нов дневен престој во Припеп - дружење, учење, забава – исто како децата да се дома
ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици

Откупот на тутун за 2025 година е скоро завршен и Според сојузот на тутунски здруженија биле откупени 99% од реколтата, односно 26.072 илјади тони на тутун по просечна цена од 419 денари. Според Сојузот овие бројки говореле дека интересот за тутунот се повеќе се зголемува и за наредната реколта се очекувало да има за 10% повеќе склучено договори за разлика од лани, исто така годинава се очекувало да има над 28 милиони килограми на тутун.

За среќа на тутунопроизводителите, задоволни се од овие цени што се постигнаа, се купи тутунот без одбиток, 99% им е исплатен во целост. Покрај субвенциите по килограм, имаат и субвенции по површина и зелена нафта. Со тоа кога би се зеле како заедничка мерка, иди исто како ланската година од 100 денари субвенцијата по килограм тутун“, кажа Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунарски здруженија.

Тутунарите ги завршиле преговорите со сите откупувачи за оваа ркеолта и истакнаа дека ако нема покачување на цените тогаш тие ќе сметаат дека и годинава тутунот ќе се откупува целиот во една класа.

 Излеговме со наши цени кои во моментот што ги понудивме се 510 денари за прва класа, 460 за втора класа и 400 денари за трета класа, под услов да купуваат по класи. До 20 февруари треба да не известат за цените, ако не ги прифатат нашите цени и излезат со нивни, тогаш ќе сметаме дека и од наредната година ќе се купува тутунот само во прва класа“, додаде Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунарски здруженија.

Инкау во тек се и преговори за измени на Законот за тутун каде тутунарите бараат без нивни потпис да не може да се оформи цената на тутунот за реколтата која следува.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира