Одземено комбе со нелегални дрва на Дервен, сопствениците го оставиле и избегале


На превојот Дервен, службениците од Шумската полиција од Прилеп реализираа нова успешна акција во борбата против нелегалниот транспорт на огревно дрво. При контрола на терен е запрено комбе „Форд Транзит“ натоварено со околу 2 м³ дабови огревни дрва. Лицата кои го управувале возилото го напуштиле комбето и побегнале во непознат правец.

Возилото заедно со натовареното огревно дрво е одземено и предадено во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп, согласно законските прописи. Се преземаат дополнителни мерки за утврдување на идентитетот на сторителите и нивно санкционирање.

Апел од Шумската полиција – Прилеп: Ги повикуваме граѓаните да пријавуваат секакви сомнителни активности поврзани со бесправна сеча и нелегален транспорт на огревно дрво. Воедно апелираме да не се купуваат огревни дрва без соодветна испратница и без жиг, бидејќи таквото дрво е нелегално и подлежи на одземање, а следуваат и законски санкции. Шумската полиција продолжува со засилени контроли на терен со цел заштита на шумите и спречување на незаконските активности“, велат од Шумската полиција.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира