ВИДЕО- Главна дестинација за прилепчани за Велигден и понатаму е дома, но се зголемува бројот и на оние кои патуваат во странство

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми


Иако Прилеп важи за традиционално место каде Христовото Воскресение или Велигден се пречекува дома во кругот на семејството, сепак во последните години може да се каже дека постои зголемен тренд празничните денови да се поминат во странство. Туристичките агенции велат дека и при тие патувања сепак се одбираат држави каде христијаните може да го прослават овој голем ден, Грција, Крф, Италија, Истанбул со посета на Цариградската Патријаршија.

„Можам да кажам дека последниве години се менува сликата, патуваат и доста повозрасните не само како порано помладите за Велигден. Секоја година имаме тура за Крф. Дочекувањето на Велигден таму е во најдобро светло, со церемонии од неколку денови. Сите овие Велигденски тури се поврзани со празникот, дочекот на Крф или во Истанбул во Патријаршијата“, изјави Бранко Карески, туристичка агенција.

 

„Интересот за патувањето за Велигден од година во година се зголемува. Оваа година предничи Крф со целата манифестација која се одржува таму за Ввелигден. Имаме и доста тури за Италија кои се веќе потполнети. Претежно се некоја категорија граѓани од 30 до 50 годишна воразраст кои патуваат на овие тури“, додаде Драган Чоловиќ, туристичка агенција.

Поради војната во Иран откажани биле и некое аранжмани на штета на агенциите.

„Исто поради војната во Иран се откажаа дестинациите како Дубаи, се прекина и за Кипар. Што е голема штета и агенциите претрпеа штета бидејќи имаа закупи, авионски и хотелски во Кипар. И тоа сето пропадна“, потенцираше Бранко Карески, туристичка агенција.

Но како главна дестинација на прилепчани за Велигден сепак е дома. Да се зачува традицијата, а Велигден да се дочека во домашните цркви со фамилијата.

„Ќе одиме по јајца за Велигден. Ќе шетаме кај роднини, по гости, а исто и ќе чекаме гости. Никогаш не патуваме за Велигден, тој ден си го одбележуваме дома“, велат група на млади прилепчани.

 

„Дома, дома ќе бидеме, си ги одржуваме традициите, со гости, по гости, кој ќе дојде е добредојден“, додаваат постари граѓани.

 За овој ден обичајот кај прилепчани е да се посетат сите роднини и пријатели и да се земе од кај нив вапсано јајце.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

НОВО во GALA WASH Прилеп !!! Перење на патосници - Антибактериски мирис - Црнило за гуми