Еден загинат и двајца тешко повредени во сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Крушево

На 26.04.2026 во 21:06 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека регионалниот пат Прилеп – Крушево, во с.Врбјани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(28) од Прилеп и патничко возило „опел вектра“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од Н.З.(32) од Крушево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „опел вектра“ Н.З., кој во болницата во Прилеп им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт. Додека, со телесни повреди се здобила неговата сопатничка С.Б.(29) од Прилеп и возачот на патничкото возило „ланд ровер“, констатирани во Општа болница Прилеп.

Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира