Непознати лица претепале прилепчанец и му го запалиле автомобилот

Утринава околу 3.30 часот 22 годишниот прилепчанец Л.П. пријавил во полициската станица дека вом 01.00 часот на улицата „Марксова“ бил нападнат од две непознати лица. Имено, додека оштетениот заедно со негов другар со возило „Пежо 306“ се паркирале на посочената улица, во еден момент од позади му се доближило друго возило „Ауди А3“ од кое излегле две машки лица коишто му се обратиле на оштетениот.

 

„Притоа едното од лицата, без никакво предупредување, го удрило Л.П. со тупаница по лицето, а потоа почнале да фрлаат лименки од пиво кон него. Л.П. се обидел да  побегне, но во близина на бензиската „Макпетрол“ сторителите го стигнале и физички го нападнале, удирајќи го со тупаници. По кратко време, оштетениот успеал да побегне, а сторителите се вратиле до нивното возило, извадиле еден клуч за тркала и една пумпа и со предметите почнале да го деморилират возилото на оштетениот. Потоа едниот од сторителите влегол во „пежото“ и заминал со возилото кон патниот правец Прилеп-Битола. На околу километар од клучката, сторителот врз возилото истурил запалива течност, ја запалил, при што возилото „Пежо 306“ било целосно опожарено“, информираат од МВР.

 

Од страна на екипа од Територијална противпожарна заштита Прилеп пожарот бил изгаснат, а од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи