ВИДЕО- Крушево ќе добие 2 нови полетувалишта за параглајдери и очекува зголемување на бројот на параглајдеристи

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Крушево наскоро добива две нови полетувалишта за параглајдери кои што ќе бидат лоцирано на локацијата Црн Врв, а изградбата на истите ќе биде финансирана од ЕУ. Овие полетувалишта ќе биде алтернатива на постојното главно полетувалиште лоцирано на Мечкин Камен, кое веќе е влезено во топ 5 дестинации за развој на овој спорт во светот. Годишно тука доаѓаат илјадници параглајдеристи и овој спорт на некој начин стана моторот за развој на крушевската економија. Со новите инвестиции се очекува и двојно зголемување на бројот на посетители.

Се надеваме дека со изградба ќе започне овој месец, како би било во функција за оваа сезона на натпревари кои се организираат во рамките на општина Крушево, а се од светски и европски карактер. Со новото полетиште ќе обезбедиме можност за повеќе такмичари, но исто така и можност за оние кои сакаат да летаат надвор од такмичарските денови да можат истото да го направат“, кажа Нико Чонески, градоначалник на Крушево.

 

Само сакам да ја пофалам Општина Крушево дека навистина ќе направат одлична работа, а исто така имаат одлична соработка со делегацијата на ЕУ, на одлично ниво, така да сега со оваа посета знам кои се приоритети на општина Крушево“, додаде Михалис Рокас, евроамбасадор во Македонија.

Досега кај Мечкин Камен се изради паркинг простор за параглајдеристите и целосно партерно уредување на центарот со поставување на урбана опрема.

Тој центар за полетување ќе се состои од 2 полетувалишта, секое со површина од 1.000метри квадратни, фаќајќи 2 нови стартови. Во насока на одржувањето на најдоброто, Европското првенство и светското јуниорско првенство во август, нашата намера е овие 2 полетувалишта да се изградат, за да во времето на промоцијата на тие настани да ги промовираме резултатите од овој проект“, вели Татјана Хасану, раководител на сектор ЛЕР во Општина Крушево.

Во пресрет на претстојната летна сезона во Крушево се правеле напори да нема проблеми со водоснабдувањето, се работело на депонијата истата да не се пали, а исто така општината се обидувала да обезбеди повеќе паркинг места, нешто што неопходно му треба да Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци